МАКЕДОНСКИОТ КАЈАКАР ЗА „СПОРТМЕДИА“

Спасиќ: Очекувањата се пласман на третото место на европскиот куп (Фото)

Во месец август му претстојат и последните два натпревари од Европските купови во Чешка и шанса за подобрување на пласманот на ранг листата.

објавено: 22 јуни 2018 - 11:51

Моментно се наоѓа на седмата позиција од вкупно 63 натпреварувачи. Македонскиот кајакар Љубомир Спасиќ ексклузивно говореше за „Спортмедиа":

„Во досегашниот дел од сезоната настапив на три од петте Европски купови на кој се собираат бодови и се комплетира европскиот ранг. Моментно со моите постигнувања на тие три натпревари сум пласиран на седмата позиција од вкупно 63 натпреварувачи".

Неговите очекувања се пред сè да го подобри својот ранг и успее да се пласира на третото место на европскиот куп.

„Покрај натпреварите од Европскиот куп настапив и на Светското првенство во Швајцарија каде покрај проблемите со кои се соочував со мојата дотраена спортска опрема и исклучително тешката патека мојот пласман на класик натпреварот на 5км беше солиден со заземање на 48. место од 60 натпреварувачи, додека на спринт натпреварот на 500 метри се пласирав на 35. место од исто така 60 натпреварувачи.

За сега до пред еден викенд да настапам на Светските купови кои се одржаа во Бања Лука и Цеље и успеам да се пласирам на 28-то место на конечната ранг листа за 2018 година на Светската кајакарска федерација (ICF).

Моите очекувања за во иднина се да успеам да ја афирмирам и промовирам Р.Македонија и Кајакарската Федерација на Македонија во што е можно подобро светло со постигнување на што е можно подобар пласман на преостанатите натпревари", ни изјави кајакарот Спасиќ.

Најново во Други спортови