ВО РАМКИТЕ ОД 11. КОЛО ЦСКА МОСКВА СЛАВЕШЕ ПРОТИВ АНЖИ (2-0)

Рускиот „ѕвер“ го има секаде: Нурмагомедов на фудбалскиот меч ЦСКА-Анжи! (ФОТО+ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов и понатаму е во центарот на вниманието после победата над Конор Мекгрегор и борбата која предизвика многу нешта, рускиот „ѕвер" е скоро на сите страни, не само во УФЦ, туку и во останатите спортови.

објавено: 19 октомври 2018 - 21:54

ЦСКА Москва во рамките од 11. коло во најсилниот руски фудбалски шампионат славеше на гостувањето кај Анжи со конечен резултат 0:2, стрелци на головите беа Влашиќ и Чалов.

Анжи е клубот за кој навива УФЦ шампионот во лесна категорија, славниот Дагестанец како голем навивач на Махачкала го изведе почетниот удар.

Хабиб воедно направи круг внатре во стадионот со шампионскиот појас, а после натпреварот влезе во соблекувалните на двете екипи и секако се фотографира со нив како спомен.

Најново во Други спортови