ТАЕКВОНДО КЛУБ „ФЕНИКС КИК“

ПРЕПОЗНАТЛИВИ ВО РЕГИОНОТ: Во полусезоната над 40 медали, имаме 15 златни!

Таеквондо клубот Феникс Кик се наоѓа во населба Драчево (Боклес). Со работа почнува пред четири години каде што во досегашниот изминат период брзо напредува и станува препознатлив како во Македонија, така и во регионот.

објавено: 4 јули 2018 - 17:00

Тренер во клубот и основач е Александар Вељановски таекводно мајстор 3 дан поранешен репрезентативец на Македонија. Моментно клубот има околу 40 вежбачи, но мора да се потенцира дека поголемиот дел се деца од 5 до 11 години. Исто така клубот има своја сала адаптирана за своите потреби.

„Спортмедиа" со првото прашање колку се задоволни во клубот од натпреварувачите на досегашните настапи кои што ги имаше на меѓународната сцена:

„Морам да истакнам дека сум презадоволен од настапот на натпреварувачите за оваа сезона, бидејки пак ќе кажам поголемиот дел од овие натпреварувачи се на возраст од 7 до 11 години на кои допрва ќе се чекаат успеси.

Во изминативе години имаме учествувано на голем број натпревари како домашни така и меѓународни би кажал повеќе од 60 натпревари во изминативе 4 години. Клубот исто така два пати имаше претставник на Европско кадетско првенство.

Ќе се навратам само на последниве шест месеци така кажано на полусезоната која што ја сметаме од јануари до јуни. Имавме учество на шест натпревари, пет меѓународни: Зрењанин Опен, Хереја Трофеј, Топ Тирана опен, Подгорица Опен, Астерик КУП – Ниш и еден домашен Кобра опен. На овие натпревари можам да кажам дека имаме освоено повеќе од 40 медали од кои 15 со сигурност тврдам дека се златни медали".

Според вас колку се вложува во перспективите, во овој спорт, што му е потребно за уште повеќе да се промовира, како и самиот клуб?

„Нашиот спорт е индивидуален и се зависи од самите нас. Има некои вложувања, но поголемиот дел односно 80% паѓа на товар на родителите односно самофинансирање".

Верувате ли дека македонското таеквондо може да биде еден од водечките индивидуални спортови, со оглед на успесите и медали кои што се освојуваат на меѓународните турнири?

„Таеквондото е олимписки спорт и со самото тоа ја кажува неговата големина и значење во боречкиот свет. Полека Таеквондото во нашата држава ќе станува водечки спорт, бидејки сите клубови стремиме кон тоа и работиме. Морам да истакнам дека веќе имаме европски сениорски златен медал и јуниорски сребрен медал. Сето тоа кажува дека полека, но сигурно Таеквондо спортот расте и се развива дека за многу кратко време ќе бидеме еден од водечките спортови".

Најново во Други спортови