ШОК ЗА СРБИНОТ ПОСЛЕ ТРИ СЕТА

Пред некој ден си удираше по главата, сега го „исфрли“ Ѓоковиќ! (ВИДЕО)

Стефанос Циципас после три сета славеше против Ѓоковиќ во осминафиналето од мастерсот во Торонто

објавено: 9 август 2018 - 23:01

Новак Ѓоковиќ го заврши натпреварувањето на Роџерс купот во Торонто, откако во осминафиналниот меч загуби од Гркот Стефанос Циципас со 2:1 по сетови 6:3, 6:7 (5), 6:3.

Ова беше прв меѓусебен дуел помеѓу српскиот и грчкиот тенисер. 19-годишниот Циципас покажа дека има голем потенцијал.

Да потсетиме, во изминатиот период Циципас се најде исто така во центарот на вниманието, на турнирот во Вашингтон во елиминацијата од Зверев се удираше по главата, поради лошата игра. Повеќе можете да прочитате ТУКА

Следен противник ќе му биде победникот од дуелот Зверев-Медведев. На видео записот можете да ги погледнете најинтересните моменти од мечот Ѓоковиќ-Циципас:

 

Најново во Други спортови