АНДЕРСОН ПОСЛЕ МАРАТОНОТ СО ИЗНЕР

Правилата да се сменат, цело време се мачевме!

И покрај тоа што славеше во полуфиналето за пласман на Грен слем турнирот „Вимблдон", тенисерот од Јужна Африка вели дека потребни се промени на правилата.

објавено: 14 јули 2018 - 12:15

После шест часа и 35. минути го елиминираше Американецот, во петтиот решавачки сет каде што според правилата нема тај-брејк, триумфира оној со два гема разлика, Кевин Андерсон славеше со 26:24.

Напорно и исцрпувачки за двајцата натпреварувачи, а од страна гледаа гледачите и секако чекаа останатите полуфиналисти Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Андерсон порача дека време е да се промени правилото да нема тај-брејк во петтиот сет на Грен слем турнирите.

„Навистина, долго време поминавме на теренот, едноставно се мачевме. Се надевам ќе размислат околу правилата, бидејќи не изгледавме добро после мечот. Но, ќе соберам сили за финалето, ова за мене е остварување на сонот, да не се грижат фановите, само ми е потребна нивната поддршка и ќе се борам за трофејот", рече Андерсон.

Најново во Други спортови