ШТИПСКИОТ КЛУБ НАСТАПИ ВО СКОПЈЕ СО 11 ПЛИВАЧИ

Пливачите на „Челични“ со медали од меѓународниот „Делфин Спринт“

ПСК Челични Штип настапи на 1. Меѓународен Пливачки Митинг ДЕЛФИН СПРИНТ 2018 кој се одржа на Олимпискиот Базен во Скопје на учествуваа пливачи од Србија, Бугарија и Македонија.

објавено: 15 октомври 2018 - 09:15

Златен медал освои Христијан Јанков на 100 метри Краул, а во истата дисциплина со сребрен медал се закити Смилјан Нашков.

Четврто место на 50 метри делфин освои Антонија Андоновски, петта позиција на 50 метри делфин за Вероника Зашевска.

Од 6-12 место се пласираа и останатите пливачи на „Челични" во своите дисциплини Иван Киров, Матеј Трајчев, Методи Георгиев, Илија Јовановски, Јован Иванов. За прв пат на еден меѓународен пливачки митинг настапија Ивона Наумова и осумгодишниот Тео Улански.

Најново во Други спортови