Македонија е дел од 43. шаховска Олимпијада

Во Батуми по што поголем рејтинг

Со двете свои селекции во машка и во женска конкуренција, од денеска Македонија е дел од 43. шаховска Олимпијада која се одржува во Грузија.

објавено: 24 септември 2018 - 14:00

Македонските шахисти се рангирани на 43. место, или согласно со просечниот рејтинг – 2514, доста високо во однос на конкуренцијата на 185 селекции - учеснички на собирот во Батуми.

Селекторот Роландо Кутиров одреди во нашиот состав да бидат велемајсторите Кирил Георгиев (2593), Владимир Георгиев (2482) и Трајко Недев (2502) како и интернационалните мајстори Филип Панчевски (2489) и Никола Николоски (2394).
А во првото коло на Олимпијадата, машката репрезентација денеска ќе се соочи со репрезентацијата на Брунеи.

Во конкуренција на 151 тим, женскиот состав на Македонија е рангиран на 58. место со просечен рејтинг од 2039.
Селектор е Влатко Богдановски кој ги одбра Бојана Бејатовиќ, Моника Стојковска, Габриела Коскоска, Катерина Петровска и Драгана Николовска да бидат де од ова најголемо шаховско натпреварување.
Во првото коло, девојките се среќаваат со селекцијата на Свазиленд.

Најново во Други спортови