НАШИОТ КУГЛАР ОДИГРА ЕДЕН ЛОШ СЕТ И ТОА СКАПО ГО ЧИНЕШЕ

Влакевски за малку остана без битка за медал

И влезот во четвртфиналето е успех, но ќе остане тагата бидејќи полуфиналето, веројатно и медалот, беа на дофат

објавено: 25 мај 2018 - 16:58

Бојан Влакевски не доби шанса да се бори за медал на поединечното Светско првенство во куглање кое се одржува во романскиот град Клуж. Тој испадна во четвртфиналето од Германецот Мануел Вајс. 

Во битката со Вајс, Влакевски го освои првиот сет со 6 соборени дрва разлика, но потоа убедливо го загуби вториот со негатива од 23 кегли разлика. Во третиот беше тесно и неизвесно, Бојан поведе со 2-1, но повторно со тесна разлика од три дрва. Одлучуваше последниот четврти сет кој Влакевски мораше да го добие, за да не биде 2-2 во сетови и тогаш да одлучува бројот на соборени дрва. За жал, Германецот ја оствари целта, го освои сетот, и го доби мечот благодарение на подобриот скор во собореени дрва кој беше 659-638 за него. Тие 21 дрва разлика го однесоа Вајс во полуфиналето кое се игра утре, а ривал му е Чехот Бина. 

Овие 638 беа најлошиот резултат на Влакевски во неговите четири настапи на шампионатот во Клуж. Влезот меѓу осумте најдобри на светот е успех за Влакевски, особено ако се знае дека македонските куглари неколку години апстинираа од настапи на светските првенства. 

Најново во Други спортови