ПО КОНТРОВЕРЗНИОТ МЕЧ ВО ДЕКЕМВРИ ЛАНИ

ВБЦ СО ОДЛУКА: Реванш меч меѓу Вајлдер и Фјури

По Правилникот на ВБЦ боксерите договор за реваншот треба да постигнат до 5 февруари.

објавено: 17 јануари 2019 - 12:30

Светската боксерска федерација (ВБЦ) донесе одлука за реванш меч меѓу апсолутниот шампион во тешка конкуренција, Дионтеј Вајлдер и неговиот предизвикувач Тајсон Фјури.

Нивниот дуел во рингот на почетокот на декември лани имаше контроверзен епилог – реми, па поради тоа ВБЦ побара ри-меч, а боксерите договор за истиот мора да постигнат до 5 февруари.

„ВБЦ ги извести двата тима дека е отворен период на преговори и дека ќе мора да се договорат до 5 февруари. ВБЦ исто така го помести односот на исплата од 70-30 на 60-40 во корист на Вајлдер поради зголемената пазарна вредност на Фјури", информираа од Светската боксерска федерација.

Со ова станува јасно дека британскиот шампион Ентони Џошуа нема да може да има некој од овие два противници за спектаклот најавен на 13 април на „Вембли".

 

Најново во Други спортови