МАЛИ, НО БИТНИ ПРОМЕНИ ЗА ПРЕТСТАВУВАЊЕ ВО ЕВРОПА

Вардар во Светскиот, а ГТЦ во Европскиот Куп

Европските куповите ќе се одржат од 1-6 октомври оваа година. Екипите на Хераклеа и на Макпетрол пак ќе се натпреваруваат во НБЦ Купот...

објавено: 10 јули 2018 - 15:00

Кугларскиот вицепрвак, екипата на Вардар во следната сезона ќе се натпреварува како дел од Светскиот Куп, натпреварување коe оваа година ќе се одржи во хрватскиот Запрешиќ, инаку најпрестижното кугларско натпреварување на планетата.

Иако очекувањата беа дека освојувачот на двојната круна во изминатата сезона, Макпетрол да биде дел од овој турнир, тие испратија пријава за настап во НБЦ купот, кој е трет по квалитет.
Ваквата одлука на Макпетрол пак евидетно, им создаде голем проблем на луѓето од Хераклеа, бидејќи како финалист на Купот имаа право да играат само во НБЦ Купот.
Но во овој случај, Вардар и ГТЦ Мусандра му излегоа во пресрет на клубот од Битола.
Всушност, со самото учество на Вардар во Светскиот Куп се отвори празно место во Европскиот Куп, па ГТЦ Мусандра одлучи да настапува во ова натпреварување, наместо во НБЦ.
Со тоа Хераклеа го доби потребното место да биде дел од најмасовното кугларско натпреварување (НБЦ), кое ќе се одржува во Апатин во соседна Србија.

Најново во Други спортови