Најавен бојкот во Сочи

Украинците си одат од Параолимписките игри ако Русија нападне

Русија е домаќин на Игрите во одморалиштето Сочи на Црното Море во време кога се критикува за преземените акции во јужниот регион на Крим, каде што Запад ја обвини Русија за освојување на воени и владини институции на Украина.

објавено: 7 март 2014 - 17:25

Шефот на украинската делегација на Параолимписките Игри изјави дека тие ќе се повлечат од Зимските Параолимписки Игри доколку Русија ја нападне нивната земја, изразувајќи надеж дека натпреварувањето ќе може да го прошири мирот наместо напаѓање.

Русија е домаќин на Игрите во одморалиштето Сочи на Црното Море во време кога се критикува за преземените акции во јужниот регион на Крим, каде што Запад ја обвини Русија за освојување на воени и владини институции на Украина.

Москва тврди дека вооружени мажи во Крим се членови на единиците на локалната самоодбрана, додека Путин вели дека тој има право да испрати војници да ги бранат руските сонародници, но дека досега тој не видел потреба да го стори тоа.

"Ако постои ескалација на конфликтот, интервенција на територијата на нашата земја, не дај Боже и најлошото, ние не би можеле да останеме тука, ние ќе се вратиме веднаш, изјави Валериј Шушкевич, шефот на украинските Параолимпијци.

Многу земји ги откажаа плановите за испраќање владини министри и членови на кралските семејства на Игрите заради настаните во Крим, каде што парламентот гласаше да се приклучи на Русија и ќе одржи референдум за својот статус на 16 март.

Во вторникот, Путин на прес-конференција изјави дека секој бојкот на Параолимпијадата заради Украина ќе биде цинизам.

 

Најново во Други спортови