СЕ ОГЛАСИ ПОРАНЕШНИОТ ОЛИМПИСКИ ШАМПИОН ВО БОРЕЊЕ

ТРСТЕНА: Ќе ви ја „скршам кичмата“, ако Марко не го направите европски и светски херој!

Од сите страни доаѓаат честитки за храброто момче Марко Пејчиноски кој успеа на 12. годишна возраст да преплива 30. километри од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. ПОВЕЌЕ ЗА ОВА МОЖЕТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ ТУКА

објавено: 29 август 2018 - 18:54

Се огласи и поранешниот олимписки шампион во борење кој што знае исто така како е да се оствари еден голем успех, резултат што нема да се заборави така лесно.

Така и за младиот Пејчиноски за кое Шабан Трстена вели дека е супер талент и од институциите треба да се погрижат да му се обезбедат услови во неговиот развој и еден ден биде голем шампион, тој дури и испрати „заканувачки" зборови дека ако не се направи тоа, ќе им ја „скрши кичмата".

„Браво за 12 годишното момче Марко Пејчиноски! Покажа што е храброст, што е мотив – го преплива Охридското Езеро! Луѓе, детево има само 12 години а преплива 30 километари, односно од Свети Наум започна да плива околу 09:30 часот, а на Градското пристаниште во Охрид пристигна околу 18:20 часот. 9 часа без ниту една минута пауза. Значи, никој не треба да ја уверува јавноста дека младото момче е талент! Е па стручњаци, имате пет до седум години детево да го направите европски и светски херој, а ако не успеете во тоа, јас, како олимписки шампион, ако Господ ме поживее до тогаш, кога треба да наполнам 63 години, немој да ми излезеѕе пред очи, оти ќе ви ја „скршам кичмата"!

Зошто го велам ова?! Затоа што имате прекрасен, брилијантен, 12-годишен супер-талент да направите голем шампион со кого ќе се гордееме сите и за кого ќе навиваме сите! Немој само декларативно, како извевтени спортски работници, да велите дека сте за спортот и дека се гордеете со Марко и со неговиот подвиг, туку бидете конкретни и зафатете со работа, односно помогнете му да ја изоди шампионската патека.

Јас лично овие денови ќе отидам да му честитам на малиот шампион на овој голем историски успех. Сите сакаме успеси, не бидете неми набљудувачи, туку активни поддржувачи на малиот херој"! Sh.T

Најново во Други спортови