ШАМПИОНИТЕ НА НХЛ ОСТАНАА БЕЗ ТРЕНЕР

Троц како Зидан: Ја освои титулата, па си поднесе оставка

Изненадувачки, Бари Троц не е повеќе тренер на освојувачите на „Стенли купот“ Вашингтон Кепитолс

објавено: 19 јуни 2018 - 09:30

Брати Троц поднесе оставка од тренерската функција на Вашингтон Кепитолс по освоената титула во Националната хокеарска лига на САД и Канада. Одлуката на 55-годишниот тренер доаѓа неочекувано поточно две седмици по освојувањето на трофејот во „Стенли купот".

„Разочарани сме од решението на Бари, но му благодариме на се што направи во последните четири години. Тој ни помогна да го освоиме „Стенли купот"", изјавија од раководството на клубот.

Троц е поранешен тренер на Нешвил каде работеше 15 година, а во 2014 ги презеде Кепитолс и успеваше да ги однесе до плеј-офот во Лигата во секоја од последните четири сезони.

Троц не сакал да го продолжи договорот иако во претходниот имало клаузула според која автоматски му се продолжува на уште две сезони во случај на триумф во „Стенли купот". Тоа е остварено, но Троц одлучи да не продолжи со шампионите. Всушност Вашингтон сакал да ги подобри условите во договорот но ниту тоа не го предомислило искусниот тренер.

 

Најново во Други спортови