ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ПЛИВАЧКИ МАРАТОН ЌЕ СЕ ОДРЖИ В САБОТА

Светската пливачка елита во Охрид, на стартната листа и Евгениј Поп Ацев!

Минатогодишниот Победник на Фина Ултра серија Пливачки Маратон - Охрид, Гилермо Бертола пристигна во Македонија.

објавено: 16 август 2018 - 22:00

Оваа година ќе учествува и на Интернационалниот Пливачки Маратон во олимписката дисциплина која е долга 10 километри.

Во организација на Пливачката федерација на Македонија (ПФМ) Маратонот е закажан на 18. Август (сабота) во Охрид со почеток од 10:30 часот. За Технички Организатор назначен од Пливачка Федерација на Македонија е ПК ФЕНИКС - СКОПЈЕ.

Во стартната листа се наоѓаат двајца Македонци, помеѓу и Евгениј Поп Ацев кој неодамна се најде во центарот на вниманието и беше незадоволен од федерацијата што не се најде меѓу учесниците на Европското првенство во Глазгов и покрај тоа што ја исполнил нормата одредена од ПФМ. Повеќе прочитајте ТУКА

Покрај Поп Ацев, ќе настапи и Александар Илиевски, потоа Аргентина има четири учесници, Бугарија, Холандија и Франција по еден.

Кај жените Ева Петровска ќе ја претставува Македонија, потоа Аргентина има вкупно пет натпреварувачки, а Бугарија и Унгарија по една.

Најново во Други спортови