ЛЕГЕНДАТА НА „ОКТАГОНОТ" ГО ПРИФАТИ ПРЕДИЗВИКОТ

Следува гладијаторска борба, Мекгрегор доби нова „мета"

Легендарниот бразилски борец Андерсон Силва го прифати предизвикот наречен Конор Мекгрегор за пресметка во УФЦ кафезот...

објавено: 22 октомври 2018 - 21:30

Моментално Силва е под суспензија од УСАД, но истата истекнува на 10. ноември, оваа година, по што се повеќе се споменува евентуалната пресметка со ирскиот борец.

После поразот од Хабиб Нурмагомедов, Мекгрегор истакна дека би сакал да се бори со Силва, а наводно, Бразилецот за медиумите во неговата родна земја изјавил дела таа понуда ја прифатил.

„Ја прифатив понудата од Конор за меч. Мислам дека Дејна Вајт би морал добро да размисли, затоа што станува збор за две големи имиња на овој спорт" – порача Силва.

Најново во Други спортови