Ѕвездата се враќа во НХЛ

Скршената нога на Стамкос заздраве, Македонецот денеска повторно на мразот

Играчот на Тампа Беј лајтнинг е надвор од терените од ноември, а поради скршеница на потколеницата ги пропушти и ЗОИ во Сочи

објавено: 6 март 2014 - 13:38

Најдобриот играч на хокеарскиот тим Тампа Беј лајтнинг и еден од најубиствените голгетери на денешницата, Канаѓанецот со македонско потекло Стивен Стамкос, денеска се враќа на терените во НХЛ (Професионалната хокераска лига).

„Тукушто излегов од докторската ординација. Добив зелено светло. Се гледаме утре фанови на Лајтнинг. Возбуден сум што се враќам!“, напишта Стамкос вчера на Твитер.

Македонецот, кој ќе биде дел од тимот на Тампа Беј вечерва против Бафало сејберс,  последен пат настапи на 11 номеври, кога на мечот против Бостон бруинс ја скрши коската на потколеницата откако се судри со стативата од голот.  Тој до тој момент сезонава имаше постигнато 14 гола на 17 натпревари. Стамкос досега два пати го има освоено трофејот „Рокет Ришар“, како најдобар голгетер во НХЛ (2009/10 и 2011/12).

Најново во Други спортови