ВО БИХ СЕ ОДРЖУВА НАЈГОЛЕМИОТ НАСТАН НА МЛАДИ СПОРТИСТИ

Се отвори олимпискиот младински фестивал во Сараево на кој учествува Македонија, премиерот Заев на трибините (ВИДЕО)

Во Сараево денеска беше отворен зимскиот младински олимписки фестивал, најголем спортски настан за млади спортисти

објавено: 10 февруари 2019 - 19:50

Денеска во Сараево се отвори европскиот Олимписки младински фестивал (ЕИОФ), во кој ќе учествуваат млади спортисти од повеќе земји помеѓу 14 и 18 години. На овој фестивал ќе учествуваат 1700 спортисти. 

Македонија ќе ја претставуваат двајца спортиски во дисциплината крос-кантри. Никола Петковски и Анамарија Зафировска ќе бидат нашите претставници кои ќе се борат за медал на ЕИОФ.  

На отворањето присуствуваше и премиерот Зоран Заев, еве видео од претставувањето на македонските спортисти во Сараево и реакцијата на премиерот Заев. 

Најново во Други спортови