ПО ТЕШКАТА ПОВРЕДА ВО СОЧИ

Руската скијачка доживотно ќе биде парализирана

Марија Комисарова се повреди во Сочи по еден пад на тренинг на Краснаја полјана

објавено: 6 март 2014 - 14:18

Руската скијачка во акробатско скијање, Марија Комисарова остана трајно парализирана, откако на 22. Зимските Олимписки игри во Сочи имаше тежок пад, објави Руската фристајл федерација.

Комисарова (23), за време на тренингот во скикрос, во Сочи, доживеа тешка повреда на рбетниот столб. По оперативниот зафат, лекувањето го продолжи во Германија, каде и е дијагностицирана сериозноста на повредата.

„Поради сериозноста на повредата невозможно е таа целосно да закрепне. Според специјалистите Маша ќе може да се движи само со помош на специјална опрема“, стои во соопштението на Руската фристајл федерација.

Комисарова наредните десет недели ќе ги мине на клиниката во Германија, каде ќе треба да научи како да се адаптира на новата состојба, а потоа ќе и престои долг период на рехабилитација.

Несреќната Комисарова, минатата недела на Твитер објави, дека, не го чувствува долниот дел на телото, но се надева дека еден ден повторно е застане на нозе.

Најново во Други спортови