ТРАГЕДИЈА ВО ТРСТ

Репрезентативка на Италија пронајдена мртва

Истражителите утврдиле дека нема траги на насилство, причината е...

објавено: 13 ноември 2018 - 12:05

Поранешната италијанска репрезентативка во стрелаштво Маријана Пепе (39) пронајдена е мртва во стан на нејзина пријателка во Трст. Истражителите бргу дојдоа до докази кои укажуваат дека таа починала од предозираност од дрога. Било исклучено убиство затоа што модринките што таа го добила од своето масилно момче не се причина за нејзината смрт. Аутопсијата покажува дека во нејзиниот организам се пронајдени различни наркотични супстанции што предизвикале запирање на срцето.

Маријана освои пет национални титули помеѓу 2000 и 2004 година, а во 2005 година освоила осмо место на Европското првенство со пушка од 50 метри со 3 позиции. Таа е е родена во Трст во 1979 година и започнала со овој спорт во 1992 година во Опичина. Нејзината специјалност беше спортски карабин.

 

Најново во Други спортови