ПОСЛЕ ЧЕТВРТАТА КОНТИНЕНТАЛНА ТИТУЛА ПО РЕД

Позната е паричната награда за српските ватерполисти

Српската Влада богато ќе ги награди репрезентативците и селекторот 

објавено: 30 јули 2018 - 20:20

Во моментов во Белград има голем собир и прослава на четвртата европска титула по ред во ватерполо за репрезентацијата на Србија, а претходно во текот на денот, „златните делфини“ беа на прием кај претседателот Александар Вучиќ, додека Владата ја одреди сумата со која што ќе ги награди.

Владата донесе одлука да им додели по 20.000 евра на секој од освојувачите на златниот медал од ЕП во Барселона кое заврши во саботата. Иста ваква награда ќе добие и селекторот Дејан Савиќ, а финансиска помош ќе има и Ватерполо федерацијата на Србија. 

Србите со триумфот на пенали во финалето над Шпанија, дојдоа до четвртото европско злато по ред, и им треба уште едно, за да го изедначат рекордот на Унгарија која освои пет титули по ред во далечното минато (од 1926 до 1938 година). Следното ЕП ќе се одржи во 2020 година во Будимпешта, па предизвикот ќе биде уште поголем. Истата година има и Олимписки игри, па во иста година најдобрите селекции на стариот континент двапати ќе водат големи битки. 

Најново во Други спортови