УЖАС ВО АЈОВА

Повикаа полиција за заборавена торба... а најдоа труп на шампионка

Повикаа полиција за заборавена торба... а најдоа труп на шампионка

објавено: 19 септември 2018 - 10:05

Шпанската голферка Селија Баркин Аросамена е пронајдена мртва на голф игралиште во американскиот град Ејмс, во државата Ајова.

Полицијата била повикана од вработените во голф клубот, за да проверат заборавена торба на теренот. Торбата им изгледала сомнителна и за секој случај повикале полиција која неколку метри од торбата, во грмушка го пронашле безживотното тело на 22-годишната шпанска стортистка.

Првичната истрага зборува дека се работи за напад, а осомничен е нејзиното момче Колин Даниел Ричардс. Аросамена беше студентка на Универзитетот во Ајова. Минатата година била европска шампионка во голф за аматери, а учествувала и на други турнири.

Најново во Други спортови