НА СВЕЧЕНОТО ОТВОРАЊЕ НА МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ 2018

Павлов ќе го вее македонското знаме во Тарагона

Каратистот ќе ја има честа да го носи македонското знаме на церемонијата на отварање на МИ 2018.

објавено: 22 јуни 2018 - 13:31

Каратистот Емил Павлов ќе ја предводи македонската делегација на свеченото отворање на Медитеранските игри во Тарагона.

Нашето златно момче ќе ја има честа да го вее знамето на церемонијата.

Заслужена чест за големиот спортист, кој со своите врвни спортски резултати, но и со своето однесување на и надвор од татамите е вистински пример за сите млади македонски спортисти.

Најново во Други спортови