НАШИТЕ КАРАТИСТИ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ИГРИТЕ ВО ТАРАГОНА

Павлов и Арсовски во еден глас: Максимално сме подготвени, одиме на медал!

Одличниот тандем очекува резултати и одличја во Тарагона...

објавено: 22 јуни 2018 - 11:15

Жарко Арсовски во македонската карате експедиција е единствен кој е носител на медал од СП, во 2010 година беше трет на во Белград.
Арсовски, кој е брат на селекторот на македонската карате репрезентација, Сашко е голем оптимист пред почетокот на Медитеранските игри во Шпанија.

„Максимално сме подготвени. Очекувам одлични резултати. Знам дека како и секогаш и овојпат конкуренцијата во овој спорт на игрите ќе биде голема. Јас сум убеден дека нема да изневериме"- изјави Жарко Арсовски, еден од најдобрите каратисти во историјата на македонското карате.

Оптимист е и двократниот европски првак, Емил Павлов

„Работевме напорно. Не мислиме на нашите противници. Тие нека мислат. Се разбира, на мене ќе ми биде најтешко, бидејќи треба да ја бранам титулата европски првак...Очекувам каратистите да бидат најуспешни на овие Медитерански Игри"- вели секогаш скромниот спортист. Емил Павлов.

Инаку, каратистите први ќе стартуваат на игрите во Тарагона, веќе на 23 и 24 јуни.
К.Манев

 

Најново во Други спортови