ГЕРМАНИЈА ВО НЕВЕРУВАЊЕ

Олимписки шампион починал додека скијал во Сен Мориц

Максимилијан Рајналт, освојувач на златен медал на Олимпијадите во веслање починал додека скијал во австрискиот центар Сен Мориц

објавено: 11 февруари 2019 - 16:40

Олимпиецот од Улм починал на патеката за крос-кантри, но се уште не е јасно поради што. Тој наводно колабрирал додека скијал и во близина немало кој да му помогне. Аутопсијата ќе појасни за причините. Неговиот пријател Ричард Шмит изјави дека се виделе утринава, а се договориле да се видат попладнето но Рајналт не се појавил.

Рајналт во 2012 година на олимписките игри во Лондон се закити со златен медал во тимско веслање (осумки), а во 2016 година беше сребрен во Рио. Освен медалите има и пет европски титули во оваа категорија.
По Олимпијадата во Рио, Рајналд се повлекол од спортот и се запишал на студии по медицина во Бохум. Пред неколку месеци се преселил со вереницата во Улм и се запослил во локална болница. Идната недела требало да биде дел од докторскиот тим на репрезентацијата У23 во велање на тренинг камп во Шпанија.

Максимилијан Рајналт (прв од лево) со сребрениот медал од Олимпијадата во Рио

 

 

Најново во Други спортови