УЖАС

Олимписка шампионка пронајдена мртва

Норвежанката Вибеке Скофтеруд, која беше дел од елитната крос-кантри лига, е пронајдена мртва на островот Света Елена во областа Арендал, Норвешка

објавено: 29 јули 2018 - 22:00

Норвешката полиција го пронашла телото на 38-годишната Скофтеруд на крајбрежјето на островот Света Елена во Ховенкилен во областа Арендал, и првичната истрага наведува дека се работи за инцидент со скутер.
Во саботата Скофтеруд на својот статус на Инстаграм постирала фотографии од нејзе и другарка како се возат на скутер на вода.

Скофтеруд долги години беше меѓу елитната група на крос-кантри скијачи, но во 2015 година ја прекина кариерата поради повреди и болест. Таа беше дел од норвешкиот тим кој освои злато на Олимписките игри во 2010 година, а и злато во Светскиот куп во 2005 година.
Најдобриот индивидуален рекорд е победата на Васалопет во 2012 година поставувајќи и рекорд. Во 2002 стана норвешка шампионка во спринт.

 

Најново во Други спортови