ОДБОЈКАРКСТА ФЕДЕРАЦИЈА КОНТРА МОК

ОФМ: Нема да дозволиме да биде нарушен угледот на одбојкарите со паушални изјави

Македонската одбојкарска федерација излезе со соопштение, по скандалот во Тарагона. 

објавено: 26 јуни 2018 - 10:04

Македонската одбојкарска федерација излезе со соопштение, по скандалот во Тарагона. „Спортмедиа“ во целост ви го пренесува.

„Во врска со изјавите од страна на МОК по повод наводното недолично и неспортско однесување на одбојкарската репрезентација на Медитеранските Игри во Трагона, Шпанија.
Нашите репрезентативци во секоја прилика, во и надвор од теренот го давале максимумот за да достојно ја претстават Македонија.
ОФМ нема да дозволи имиџот на репрезентацијата да биде нарушен со паушални изјави, без никакво покритие за истите.
За сето време на наводниот настан биле присутни и званични лица од МОК и останати спортисти од делегацијата.
Доколку имало било каков инцидент, поединците кој што го предизвикале ќе бидат санкционирани.
Репрезентативците се враќаат во Скопје во четврток, по враќањето ќе има званичен извештај за настанот“, се вели во соопштението на ОФМ. 

 

Најново во Други спортови