ПРВАТА РЕАКЦИЈА СТИГНУВА ОД ДРЖАВАТА

ОД АМС ЗА МАРКО. Еднократна парична сума од 100 илјади денари и стипендија!

По големиот успех на 12-годишниот Марко Пејчиновски кој го преплива Охридското езеро и покрај тоа што имал преживеано инфаркт на долните екстремитети, честитки и награда стигна од Агенцијата за млади и спорт.

објавено: 30 август 2018 - 16:12

По повод херојскиот подвиг на младиот Марко Пејчиновски кој успеа да го преплива Охридското езеро, денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт(АМС), Дарко Каевски поднесе иницијатива која беше усвоена на Советот за спорт при АМС, за еднократна парична награда од 100 илјади денари за македонската пливачка надеж.

Воедно, АМС ќе му додели и стипендија за млади таленти ,,Спортска Надеж", која изнесува околу 4.600 денари месечно која ќе се исплаќа во наредните 10 месеци.

Исто така, АМС ќе обезбеди годишна програма за усовршување на Пејчиноски со цел да продолжи да се усовршува и да стане врвен пливач кој гордо ќе ја претставува Македонија.

Со ова АМС испраќа јасна порака до сите млади и надежни спортисти дека државата секогаш ќе биде тука и ќе застане позади нив, зошто секој успех претставува и успех за Македонија.

На крајот, Каевски упати честитки за младиот Пејчиноски и му посакува блескава кариера, каде гордо ќе ја претставува Македонија на меѓународните натпревари во пливање

Најново во Други спортови