МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ - ТАРАГОНА 2018

Нуров стигна до финалето - следно на ред е златото!

Магомедгаджи Нуров е во финалето на борачкиот турнир на МИ 2018 и утре ќе се бори за златниот медал против Јанатоне Симони од Италија.

објавено: 25 јуни 2018 - 19:49

 Нуров најнапред го совлада шпанскиот борач Антонио Родригез со 9:0, а потоа и Деде Јунуш од Турција со 8:5, во извонредна тактичка и трпелива борба, иако турскиот борач во многу наврати на нечесен начин се обидеуваше да дојде до победа. Турскиот борач водеше со 5:1, но токму тогаш дојде до израз решителноста, упорноста и тактиката на Могамедгажди Нуров кој трпеливо собираше поени и дојде до посакуваната цел, борба за златен медал.

Во исто време и Дејан Митров има шанса за медал бидејќи утре ќе се бори за бронзениот медал на Медитеранските игри. Тој беше блиску до финалето, но загуби во последните секунди со 9:6 од Мустафа Сами од Египет. Бидејќи египќанецот ќе се бори во финалето, Митров доби шанса да се бори за бронзениот медал против Будра Мохамед од Алжир.

Бесмир Весели утре исто така ќе се бори во репасаж против Канева Арон од Италија, а ако извојува победа ќе се бори за бронзениот медал против Тимураз Фриев од Шпанија.

Најново во Други спортови