ПОРАНЕШНИОТ ГОЛМАН НА ЧИКАГО ПРОНАЈДЕН МРТОВ

НХЛ остана без освојувачот на Стенли купот, Реј Емери

Особено ќе го паметат Блекхокс затоа што со своите одбрани во 2013 година, им ја донесе шампионска титула.

објавено: 17 јули 2018 - 15:10

Реј Емери имаше 35. години, а настрада на пристаништето во Хамилтон, во државата Онтарио во Канада. Полицијата потврди дека Емери настрадал рано наутро, на 15.јули во својот роден град, а се удавил додека пливал.

Во НХЛ лигата Емери играше за Отава, Филаделфија, а две незаборавни сезони помина во Чикаго со кои го освои Стенли купот во 2013 година
Овој канадски голман настапуваше и на европско тло. Неговиот последен клуб беше германскиот Адлер од Манхајм, за кој играше во сезоната 2015/2016, а исто така во сезоната 2008/2009 беше прв голман на Атланта од Москва, со која играше во КХЛ лигата.

Најново во Други спортови