АМС ги објави добитниците на државното признание

Наградата „8-ми септември“ во рацете на Гешовски, Радиќ, Џиков...

Од одборот за избор посочија дека конкуренцијата годинава била исклучително силна.

објавено: 5 септември 2018 - 14:30

Ристо Таков, Сашко Арсовски, Владимир Радиќ и Стеван Гешовски се годинешните добитници на високото државно признание „8-ми септември". Наградата за животно дело оваа година оди во рацете на Таки Џиков.

Агенцијата за млади и спорт заедно со членовите на одборот за доделување на наградата, денескаги објавија носителите на високото признание, кои своите награди ќе ги добијат на посебна свеченост која ќе се организира во Собранието на Р. Македонија, в сабота од 11 часот.

Од големиот број на пристигнати апликации, одборот ги одбра овие четири кандидати, а едногласно паднал и изборот за наградата за животно дело.

Најново во Други спортови