НАЈДОБРАТА СЛАЛОМИСТКА НА СИТЕ ВРЕМИЊА СЕ ПОВЛЕЧЕ

Марлиз Шилд се прости од активното скијање

објавено: 3 септември 2013 - 12:24

 

Марлиз Шилд му кажа збогум на скијањето. По 16 години настапи за австриската репрезентација, седум медали на светските првенства, четири олимписки, импресивни 37 победи во Светскиот куп и пет победи во вкупен пласман, на возраст од 33 години, најуспешната слаломистка во историјата најави дека на нејзината кариера како професионална спортистка ѝ дошол крајот.

Повлекувањето не доаѓа како изненадување зашто уште на Зимските олимписки игри во Сочи во изминатава зима имаше гласини дека Шилд може да се пензионира по крајот на сезоната, но Австријката не брзаше со конечната одлука.

"Од последните трки во Ленцерхајде размислував долго за тоа што да правам, дали да продолжам или да се насочам кон нешто друго. Си дадов доволно време за да го направам вистинскиот избор", рече Шилд на прес-конференција.

"Минав интензивни 20 години во спортот, имам големи последици, но исто така и големи достигнувања", додаде Шилд, која доживеа бројни повреди за време на нејзината кариера.

"Бев во можност да го живеам својот сонот што го имав како мало девојче, работев толку години да го остварам, но моите приоритети сега се променети. Научив многу за себе во текот на изминатите месеци. Сфатив дека е време за нов живот, а од денеска на активната кариера во скијање ѝ дојде крајот."

Шилд се обиде да ги контролира своите емоции, но кога им се заблагодари на сите оние кои биле дел од нејзината кариера, таа се бореше да ги задржи солзите.

Кога беа прашани за плановите за во иднина, Шилд споменува изградба на семејството на сопствениот, како еден од нејзините приоритети.

Најново во Други спортови