Според бројот на освоени медали на Медитеранските игри

Македонија на 17. место во Тарагона

Македонската експедиција во Тарагона стигна до шест одликувања, од кои две златни, едно сребрено и три бронзени, доволни за 17. позиција во конечната табела. Зад нас останаа Сан Марино, БиХ, Албанија, Црна Гора, Монако, Либан, Малта, Андора и Либија.

објавено: 1 јули 2018 - 11:00

Македонија заврши на 17. место од 26 земји учеснички на Медитеранските игри во Тарагона според бројот на освоените медали.
Македонската експедиција во Тарагона стигна до шест одличја.

Од нив две златни, едно сребрено и три бронзени, сето заедно, доволно за 17. позиција во конечната табела, на која зад нас останаа: Сан Марино, БиХ, Албанија, Црна Гора, Монако, Либан, Малта, Андора и Либија.
На врвот на листата на носители на медали, број 1 е Италија со освоени вкупно 155 одликувања, пред Шпанија, Турција, Франција и Египет.
На Балканот, најдобра е Турција со 95 медали, пред Грција со 45 медали, Србија со 31 медал и Хрватска која освои 15 одликувања.

 

Најново во Други спортови