Државно првенство во борење - кадети и сениори

Лирија, Балканец и Тефејуз го водат „орото“

Викендов во Скопје, се одржа Државното првенство во борење – кадети и сениори. Континуираната работа на раководството на ФБСМ си го направи своето, iмаше голема масовност. На душеците се вратија и поранешните асови во борењето, но и нивните замени

објавено: 1 јули 2018 - 16:30

Очигледно, најтрофејниот спорт го најде „рецептот" како повторно да се „рестартира" борењето во Македонија. Сега борачите се стимулирани – да дојдат до првите места, затоа што некои екипи изготвија правилници за наградување на борачите.
Најдалеку отиде најтрофејниот клуб во Македонија, Балканец, кој ги стимулира борачите за врвни постигања. Така, првите места на меѓународни турнири и првенства донесуваат и парични награди. Балканец ги наградува сите борачи кои ќе освојат први места на Државните првенства (од 5о до 250 евра во денарска противредност).

Што се однесува за Државното првенство во кадетска и сениорска конкуренција имаше поместување меѓу кадетите. Континуираната работа во Балканец со најладите категории го донесе првото место во екипна конкуренција, пред Тефејуз и Лирија.
Балканец и Тефејуз освоија по три први места, но поради тоа што штипјани имаа и повеќе втори места, ним им припадна екипната титула. Во штипската екипа се истакнаа најдобрите во своите категории: Филип Тасев, Петар Костов и Драган Велинов во кадетска, и Дејан Митров, Бобан Савев, Аце Арсов и Бобан Данов во сениорска.
Во екиипата на Лирија, која во сениорска конкуренција беше најдобра, пред Балканец и Бучим, најдобри беа борачите во полесните категории Минар Реџепи, Елмедин Сејфулаху, Фати Весели, Ријадт Реџепи, Беслими Мурттезани...
Пласман на сениорите
57 кгр. Минар Реџепи, 61- Елмедин Сејфулаху, 65 Фати Вејсели, 70 Ријад Реџепи, 74 Беслим Муртезани , сите Лирија, 78 Дејан Митров, , Балканец, 86 Беслим Вејсели, Лирија, 92 Бобан Савев, 97 Аце Арсов и 125 Бобан Данов, сите Балканец.
К. Манев

Најново во Други спортови