МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН ЌЕ ИГРА ВО ПРЕЛИМИНАРНАТА РУНДА

Левески: Мотивирани сме, дуелот против Валета клучен за првото место!

Денеска се одржа прес конференцијата по повод претквалификацискиот турнир во Лигата на шампиони - Футсал, на која е домаќин македонскиот шампион КФМ Велес кој ќе се одржи во Скопје во малата сала на СЦ „Јане сандански" од 29.08.2018 до 01.09.2018.

објавено: 28 август 2018 - 11:20

Клубот се надева дека ќе се покаже како добар организатор на турнирот и му се заблагодарија на директорот на Агенцијата за млади и Спорт, Каевски, за финансиската помош. Влезот за сите заинтересирани е бесплатен.

Присуствуваа претседателот на клубот КФМ Велес како и тренерот на екипата, Марјан Стефановски и капитенот Зоран Левески.

Претседател на КМФ Велес и тренер на екипата, Марјан Стефановски:

„Учествуваме на турнирот во прелиминарната рунда каде што сме домаќини. Ова е исклучителна можност да обезбедиме пласман во главната рунда. Космос е физички силен, ќе ни биде тежок ривал. За Футсамба не знаеме многу, најтежок противник е Валета за нас со многу странци. Имавме добри подготовки, немаме повредени и тоа не радува. Првото место е приоритет, се надеваме дека ќе поминеме во следната фаза.".

Капитенот на КМФ Велес, Зоран Левески:

„Мотивирани сме, желбата е голема. Учествуваме за прв пат, посебно чувство за овој клуб кој лани дојде до првата титула. Мотив плус за пласман понатаму. Ривалите од Малта се најголема пречка, една организирана екипа, ги следевме мечевите, 45 дена однапред се спремаат, со седум странци, и со најдобрите малтешки играчи. Верувам дека против нив ќе одлучуваме за првото место. Ги повикувам сите љубители да ни ја дадат поддршката".

 

Дебитираат во елитното европско натпреварување, велешани се наоѓаат во групата Е заедно со Космос Талин (Естонија), Футсамба Наас (Ирска) и Валета (Малта).
Како подготовка за деби настапот КМФ Велес убедливо со 6:1 го совлада српскиот тим на Врање. Првиот меч ќе го имаат в среда од 20:00 часот против ирскиот шампион Футсамба Наас.

 

Лига на шампиони, прелиминарна рунда
Домаќин: Скопје, СЦ „Јане Сандански"

Група Е, распоред на натпревари
1. коло (29. август)
Валета-Космос Талин (17:30 ч.)
КМФ Велес-Футсамба Наас (20:00 ч.)

2. коло (30. август)
Футсамба Наас-Валета (17:30 ч.)
КМФ Велес-Космос Талин (20:00 ч.)

3. коло (1. септември)
Космос Талин-Футсамба Наас (17:30 ч.)
Валета-КМФ Велес (20:00 ч.)

Победникот од групата Е ќе се пласира во главната рунда која ќе се одигра во периодот од 2-7 октомври 2018 год.

Доколку КМФ Велес го освои првото место, во главната рунда ќе се најде во групата 8 каде што се веќе екипите на Араз Наксчиван (Азербејџан) и Лученец од Словачка (кој ќе биде домаќин на турнирот), а ќе се најде и победникот од прелиминарната група Ф каде што се: Ховокубо (Холандија), Ридинг Футсал Клуб (Англија), Витис (Литванија) и Мурата (Сан Марино).

Најново во Други спортови