ПОСЛЕДНАТА ЕТАПА НИЗ УЛИЦИТЕ НА РИМ БЕШЕ ФОРМАЛНОСТ

Крис Фрум го освои Џиро

Британецот е актуелен освојувач на Тур де Франс, Вуелта Еспања и сега на Џиро Италија, и потврди дека во моментов му нема рамен

објавено: 27 мај 2018 - 19:29

Британецот Крис Фрум е победник на 101 издание на велосипедската трка околу Италија. Возачот на тимот „Скај“ низ целта мина заедно со своите клупски колеги, на тој начин прославувајќи ја победата. Етапата која се возеше низ улиците на Рим, му припадна на Сем Бенет. 

Второто место во генералниот пласман му припадна на Том Думулен, со 46 секунди послабо вкупно време од Фрум, а трети заврши Мигел Анхел Лопез со заостанување од 4,57 минути.  

„Голема работа е за мене што ги освоив сите најголеми трки. Сонував да дојдам во позиција за 10 месеци да ги освојам трите славни трки. Ова е голем успех за британскиот спорт. Не ми беше лесно“ - изјави Фрум кој розевата маичка како лидер во генералниот пласман ја презеде пред само два дена со спектакуларна победа на планинска етпа. 

Најново во Други спортови