Сојузот на спортови ги врачи наградите „13 Ноември“

Кик-боксерот Илиоски добитник на наградата „13 Ноември“

Илиоски кој оваа година освои бронзен медал на ЕП во Братислава, а имаше уште две први места на натпреварите од Европскиот куп ја доби наградара за спортист на Скопје, додека неговиот тренер и селектор, Дејан Митровски ја доби наградата за најдобар тренер

објавено: 13 ноември 2018 - 13:05

Сојузот на спортови на Скопје денеска на посебна свеченост ги врачи наградите на најзаслужните спортисти, трениери, екипи и спортски работници во градот, по повод денот на ослободувањето. Наградата за спортист му припадна на кик-боксерот Бобан Илиоски, член на клубот Шампион од Скопје, кој оваа година освои бронзен медал на ЕП во Братислава, а имаше уште две први места на натпреварите од Европскиот куп.

Неговиот тренер и селектор, Дејан Митровски ја доби наградата за најдобар тренер, додека наградата за најдобар спортски судија отиде во рацете на тенискиот арбитар Зоран Поповски.

Наградата „13 Ноември" во екипна конкуренција и припадна на машката ракометна екипа на Вардар, која минатата сезона повторно стигна до Ф4 турнирот од Лигата на шампионите, а исто така, ја освои и титулата во СЕХА лигата. Сојузот на спортови на Скопје им врачи награди и на спортските работници Никола Тасев, Перица Крстевски и Гордана Николовска, како и на доајените на македонскиот спорт Кочо Димитровски, Борче Брсаковски и Венцислав Недев за животно дело.

Наградата за спортски новинар отиде кај долгогодишниот новинар на Нова Македонија, Ласте Димитриевски, додека најуспешниот професор по физичко и здраствено образование е Мартин Мартиновски. Посебно признание му беше доделено на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Најново во Други спортови