СЕ ВРАТИЈА СО 22 МЕДАЛИ И ДВЕ ГОЛЕМИ ПРИЗНАНИЈА

Кик-боксерите растурија во Сараево

На балканскиот кик бокс шампионат во Сарево, македонската кик-боксинг репрезентација освои вкупно 22 медали.

објавено: 27 јуни 2018 - 12:47

Македонската кик-боксерска репрезентација се врати со 22 медали (5 златни, 11 сребрени и 6 бронзени) од 14-тиот ВАКО балканскиот шампионат за јуниори и сениори (лоу кик и кик лајт), кој се одржа во Сараево. 

Покрај медалите, со пехари се зактија и Бобан Илиоски и Филип Ризов за најдобар борец, сениор на ринг борбите, односно најдобар сениор на татами.

„Би сакал најпрво да и се заблагодарам на деканката на факултетот за физичка култура во Скопје, проф.др. Ленче Алексовска –Величковска која предава психологија на физичко образование и спорт која многу ни помогна и не упати во работите каде потфрлувавме, а не го приметуваме тоа. Од сите натпреварувачи би го истакнал Филип Ризов, кој освои злато во дисциплината кик лајт на татами и го освои пехарот за најдобар сениор на татами. Не го заборавам Боби Илиовски кој дојде до златниот медал во ринг во дисциплинатата лоу кик и дојде до признанието најдобар сениор во ринг борбите, а според резултатите во измиот период полека се искачува на врвот на овој спорт во светски размери“, изјави првиот човек на оваа федерација и селектор Дејан Митровски – Урко.

ОСВОЈУВАЧИ НА МЕДАЛИ
Филип Ризов - сениор Кик Лајт -57кг (златен медал)
Стефан Михајловски - постар јуниор Лоу Кик +91кг (златен медал)
Славчо Арсов - јуниор Кик Лајт -79кг (златен медал)
Јована Арсова - јуниор Кик Лајт -55кг (златен медал)
Бобан Илиоски - сениор Лоу Кик -81кг (златен медал)
Ристе Атанасов - (сениор Кик Лајт -74кг (сребрен медал)
Блаже Настов - јуниор Кик Лајт -63кг (сребрен медал)
Стефани Тодорова - сениор Лоу Кик -60кг (сребрен медал)
Марија Јанева - јуниор Кик Лајт -60кг (сребрен медал)
Роберт Костовски - постар јуниор Лоу Кик -67кг (сребрен медал)
Мимоза Стаменковска - сениор Кик Лајт -60кг (сребрен медал)
Никола Бубевски - сениор Кик Лајт -79кг (сребрен медал)
Марија Кицеска - помлад јуниор Лоу Кик +60кг (сребрен медал)
Акан Адемов - постар јуниор Лоу Кик -54 кг (сребрен медал)
Андреа Костовска - сениор Кик Лајт -55кг (сребрен медал)
Викторија Варадинова - помлад јуниор Лоу Кик -56кг (сребрен медал)
Ивица Цветановски - постар јуниор Лоу Кик -91кг (бронзен медал)
Димитар Ѓорѓиев - сениор Лоу Кик -86кг (бронзен медал)
Дарко Најдов - постар јуниор Лоу Кик -67кг (бронзен медал)
Филип Наковски - сениор Кик Лајт -84кг (бронзен медал)
Александар Петров - сениор Лоу Кик -71кг (бронзен медал)
Медин Ахмети - постар јуниор Лоу Кик -63,5кг (бронзен медал)

Најново во Други спортови