МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ - ТАРАГОНА 2018

КАКВА ДРАМА: Павлов остана без медитеранската бронза во последната секунда!

Неверојатно звучи, но во последната секунда видовме неверојатно уширо маваши геро на турскио каратист и тоа значеше победа и бронзен медал за Самдам.

објавено: 23 јуни 2018 - 13:13

Емил Павлов не успеа да освои медал на Медитеранските Игри во Тарагона.

Нашиот најдобар каратист најнапред дојде до две победи во онаа прва фаза А потоа, во полуфиналето беше поразен од претставникот на Мароко, со 5:1, а во борбата за бронзен медал загуби од Турчинот Ерај Самдам, иако на една секунда до крај водеше со 1:0!

Неверојатно звучи, но во последната секунда видовме неверојатно уширо маваши геро на турскио каратист и тоа значеше победа и бронзен медал за Самдам.

Најново во Други спортови