СЕ ПОЈАВИ НОВА, ШОКАНТНА СНИМКА

Како тренерот на Нурмагомедов го „искрши" Конор (ВИДЕО)

Бурата не стивнува.... Се појави ново видео кое најдобро покажува што навистина се случи во „октагонот" после спектакуларната борба помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор во Лас Вегас.

објавено: 14 октомври 2018 - 15:00

Хабиб триумфираше во „борбата на векот", и ја одбрани титулата на шампион на светот во УФЦ во лесна категорија. Но овој спектакл ќе остане запаметен и по инцидентите кои се случија веднаш по завршувањето на борбата.

За потсетување, веднаш после предавањето на Ирецот, Хабиб ја прескокна оградата и се нафрли врз членовите на тимот на Мекгрегор. И додека целото внимание беше усмерено кон Нурмагомедов, дојде до жестока пресметка на самиот терен. Тренерот на Хабиб брутално навали на Мекгрегор, и му зададе неколку сериозни удари...

 

Најново во Други спортови