ПОКАНЕТ ОД СТРАНА НА СВЕТСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА И КИНЕСКИОТ СОЈУЗ

Кајакарот Спасиќ ќе ја претставува Македонија на натпревар во Кина

На покана од страна на Светската федерација и кајакарскиот сојуз на Кина, Љубомир Спасиќ ќе замине и ќе учествува на натпревар во оваа азиска земја.

објавено: 6 ноември 2018 - 13:36

На овој натпревар се очекува покрај македонскиот кајакар (К1М) да земат учества повеќе натпреварувачи од Европа и светот.

Трките во Кина ќе се одржат во периодот од 5-18 декември 2018 година со спринт и класик во Панџихуа на реката Јангце, како и спринт и класик близу Лиу Ку на реката Салуен.

ЦЕЛАТА ПРОГРАМА ОД ОВОЈ НАТПРЕВАР ВО КИНА МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА 

На 6-ти декември се очекува да започнат тренинзите на реката Јангце, како и во наредниот ден кога ќе биде и свеченото отворање, додека од 8-ми ќе започнат официјално трките и секако доделување на наградите.

К1М: Н. Знидарчиќ, С. Овен, А. Уранкар, П. Жан. Ф. Харстејн, Ј. Лемен, Ф. Буве, В. Заплетал, Д. Савиќ, Л. Понтароло, М. Зирис, Љ. Спасиќ, О. Перовановиќ, М. Ричард, Џ. Бикис, Т. Олазабал, П. Сластан, М. Досон, А. Ечевериа.

Најново во Други спортови