КУГЛАРСКИОТ ТИМ ГО ПРОМЕНИ СВОЕТО ИМЕ

„Хераклеа“ е минато, Битола е иднината

Кугларскиот клуб „Хераклеа", во иднина ќе го носи името на градот од кој што потекнува Битола.

објавено: 16 септември 2018 - 15:03

Кугларскиот клуб „Хераклеа", во иднина ќе го носи името на градот од кој што потекнува Битола.

„Како што најавивме кугларскиот клуб „Хераклеа" - го промени своето име и како единствен тим повторно ќе го носи препознатливиот бренд и боите на спортска Битола. Нека успесите во минатото на сите кугларски клубови бидат само поттик за наредните генерации на куглари, нека има повеќе кугларски клубови, нека има конкуренција и квалитет. Битола тоа го може, и тоа го заслужува“, се вели во известувањето на овој тим. 

Најново во Други спортови