Младински Олимписки игри-БУЕНОС АИРЕС 2018

Хамза Јашари непоразен на џудо турнирот

Хамза Јашари со одлука на Меѓународната Џудо Федерација, настапи за екипата на "МОСКВА" заедно со џудистите од Молдавија, Монголија, Габон, Унгарија, Белгија и Панама.

објавено: 11 октомври 2018 - 09:15

Хамза Јашари со одлука на Меѓународната Џудо Федерација, настапи за екипата на "МОСКВА" заедно со џудистите од Молдавија, Монголија, Габон, Унгарија, Белгија и Панама.

Тој најнапред со ипон го совлада Ахад Ал-Сахер (Јемен), а во втората борба, исто така со ипон го совлада бразилецот Жоао Сантос. Сепак, поради повреда на Сомбор Вег (Унгарија-момчиња 100 кгр) и поради недостаток на една џудистка во екипата, мешаната екипа на Хамза Јашари мораше да се задоволи со пласманотг меѓу 8-те нјдобри на МОИ Буенос Аирес.

Со овие две победи, но и со борбеноста и прикажаното на џудо турнирот и освоеното 9. место, Хамза Јашари покажа и докажа дека станува збор за извонреден млад џудист, голем борец, извонреден карактер и веруваме дека Хамза со сигурност ќе биде еден од најдобрите македонски врвни спортисти во поединечните спортови.

Најново во Други спортови