ДЕНЕСКА ЦЕЛОСНА ДОМИНАЦИЈА НА АРГЕНТИНСКИТЕ ПЛИВАЧИ

Бертола и Биаџоли првопласирани на маратонот во Охрид! (ФОТО)

И во машка и во женска конкуренција Аргентина дојде до првите места на Интернационалниот пливачки маратон.

објавено: 18 август 2018 - 17:50

Во Охрид доминираа Гилермо Бертола и Елизабет Сесилија Биаџоли на денешната патека која што беше долга 10. километри.

Бертола дојде до првото место со време од 02:02.46 ч., пред Бугаринот Венцислав Ајдарски и Аргентинецот Алехандро Жоакин Муњоз Морено. Александар Илиевски заврши на петтото место.

Кај жените Биаџоли имаше време од 02:10.27 ч. пред нејзините сонароднички Ромина Имвинкерид и Ерика Јенсен. Ева Петровска дојде до петтата позиција, првата наша пливачка која ја поминала оваа олимписка дисциплина.

Најново во Други спортови