ТЕШКА КАЗНА

Германец суспендиран една година откако Русин со неговиот боб освои две злата во Сочи

Владимир Зубков освои два златни медали во боб со изнајмено возило од Германецот Мануел Махат

објавено: 6 март 2014 - 15:10

Германците не освоија ниту еден медал во боб на 22. Зимски Олимписки игри во Сочи, но затоа нивниот бод кој го возеа Руси се закити со две злата.

Владимир Зубков освои два златни медали во боб со изнајмено возило од Германецот Мануел Махат, кој поради сето ова доби неверојатна суспензија од – една година.

Германската федерација во боб му забрани на Махат да се натпреварува во следните 12 месеци оти го позајмил бобот на Русин, а да е малерот поголем за Германците, Зубков доминирал на патеката и двапати триумфирал.

Инаку, Махата не успеал да обезбеди виза за Сочи и за финансиски надоместок го изнајмил возилото. Сето тоа за германската федерација е „тежок престап“, па репрезентативецот мора да се соочи со „релативно тешка казна“. Одлуката требала да се смета како одбрана на националните интереси. Освен суспензија, Германецот ќе мора да плати и 5.000 евра.

Најново во Други спортови