32 ИЗДАНИЕ НА ОХРИДСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

Франческо Жетини прв доплива до охридскиот кеј!

Италијанецот излезе како победник на скратената патекa "Климе Савин" се појавија вкупно 30 пливачи

објавено: 25 август 2018 - 17:46

Охридски пливачки маратон, по 32. пат по ред.

За разлика од некои поранепни изданија, ова беше малку поинакво. Патеката „Климе Савин", со одлука на организаторот, беше пократка за цели пет километри. Почетокото го означи големиот шампион, добро познат не само на охриѓани – Петар Стојчев.


Или подобро речено – 11.пати освојувач – победник на оваа трка во Охрид.
Конкуренцијата, во обете конкуренции поприлично зголемена, условите пак скоро идеални за една ваква маратонска трка.
Најавите за неизвесна и возбудлива трка пак се остварија. Скоро сите 30. Учесници пливаа во една група се до потегот кај Градиште. Во неа беа и двајца наши претставници,Евгениј Поп-Ацев и Александар Илиевски.


Група од петнаесетина пливачи, предводени од италијанските претставници Анреа Бианчи и Франческо Жетини беа првите кои „повлекоа" посилно. И кај „Метропол" му побегнаа на друштвото.
Но со темпо кое е далеку под очекувањата, и кое со себе носи и задоцнување од некои поливина час во однос на планираното време.

Но и покрај тоа Италијанецот успеа да задржи најдобар ритам, и да доплива до целта побрзо од сите противници во водите на Охридското Езеро, и да прими честитки и ловоров венец од претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов.

Зад него, во група од неколкумина пливачи беа неговите сонародници Едуардо Стокино и Андреа Бјанчи, кои завршија на второтт и третото место.

Во групата на овие пливачи се најде и македонскиот претставник Евгениј Поп Ацев за кој на крајот за жал немаше место на пиедесталот.

Покрај него настапи и вториот македонски претставник Александар Илиевски

Во женска конкуренција, исто како и лани најдобра беше Италијанката Барбара Позобон која зад себе ги остави Ана Олас од Унгарија и сонародничката Алиса Франоне.

Најново во Други спортови