По фантастичниот настап на ЕП во Словачка

Европскиот шампион Ѓорѓиев на прием во АМС

По враќањето од Братислава, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, организираше прием за кик боксинг тимот предводен од стручните лица, на чело со селекторот Дејан Митровски.

објавено: 22 октомври 2018 - 16:11

Македонија на Европското кик бокс првенство за сениори во Братислава, Словачка, отпатува со тројца натпреварувачи, а се врати со два медали – златен и бронзен, што е огромен успех. Димитар Ѓоргиев стана европски шампион во лоу кик, а Бобан Илиоски го освои бронзнениот медал во К1.

По тој повод директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, организираше прием за кик боксинг тимот предводен од стручните лица, на чело со селекторот Дејан Митровски.

„Македонија споредено со Турција со 53 натпреварувачи, Русија со 35, Хрватска со 34, Италија со 34 и останатите држави со исто така повеќе натпреварувачи од нас, а ние со само тројца кикбоксери од ова Европско првенство се враќаме со два медали (златен и бронзен). Резултатот на нашиот тим е за почит и пофалба, но во исто време и наше оправдание кон Агенцијата за млади и спорт на РМ за целокупната помош и поддршка која ни ја дава за реализација на нашите спортски активности, настапи и квалитети. Кик бокс мај тај федерацијата на Македонија упатува апел за понатамошна уште поуспешна соработка со АМС и нејзина финансиска помош и заложба на вакви престижни натпреварувања да оди нашата репрезентација во што поголем број. Така ќе носиме и повеќе медали, бидејќи Македонија има борци кои се сериозни претенденти за медал и им парираат на сите натпреварувачи од другите држави кои се поголеми и поразвиени, а имаат и поголеми финансиски можности да ги поддржат своите борци", истакна селекторот Дејан Митровски.

 

„Во рингот борецот сам се бори за славата и победата на својата земја, без оглед колку е јака и моќна државата од која доаѓа другиот противник. Знамето го подига победата на борецот, не моќноста на неговата земја, а гордоста ја ужива, се гордее и ја слави неговата држава. Победата на Димитар е и наша победа како тим. Победа на сите наши поддржувачи и помагатели, и победа на нашата Македонија. Да бидеме сложни како во спортот, така и на секое друго поле, кога се работи за националните интереси и иднината на нашата една и единствена Република Македонија", додаде Митровски.

Најново во Други спортови