МАКЕДОНИЈА ОРГАНИЗАТОР НА ЕП КАЈАК СПУСТ НА ДИВИ ВОДИ

ЕВРОПА НА МАТКА: 250 кајакари на ЕП во Скопје

Рекорден број на претставници, 250 кајакари од 16 земји ќе ги одмерат силите на 3,5 – метарската патека на Матка. Македонија ќе има седум учесници.

објавено: 1 август 2018 - 15:45

Кајакарската федерација на Македонија, со поддршка од Агенцијата за млади и спорт од 2 до 5 август ќе биде организатор на Европското првенство во кајак спуст на диви води за младинци и сениори до 23 години.

Рекорден број на претставници, 250 кајакари од 16 земји ќе ги одмерат силите на 3,5 – метарската патека на Матка. Македонија ќе има седум учесници.

„На првенството ќе учествуваат 250 кајакари од 16 земји, што е најмасовно ЕП досега. Натпреварите започнуваат утре, во 9 часот, со старт на Матка и финиш во с. Шишево во категорија класик. В петок ќе се возат квалификациите во спуст.
Свеченото отворање е вечерва на плоштадот Филип Втори со почеток од 20 часот", изнесе дел од техничките детали директорот на натпреварувањето, Љубомир Спасиќ и продолжи:

„Конкуренцијата ќе биде силна, бидејќи имаме учесници, кои освојувале медали на Светските сениорски првенства. Што се однесува до нашите претставници се очекува пласман во финалето, а тоа носи и шанса за медал."

 

 

Најново во Други спортови