На состанокот одржан овој викенд во Романија

ЕТКФ го усвои календарот, а Недев го презентираше новиот веб-сајт на федерацијата

Бордот на директори на ЕТКФ на состанокот одржан викендов во Романија донесе многу важни краткорочни и долгорочни одлуки за развој на традиционалното карате во Европа.

објавено: 27 мај 2018 - 21:45

Бордот на директори на ЕТКФ на состанокот одржан викендов во Романија донесе многу важни краткорочни и долгорочни одлуки за развој на традиционалното карате во Европа.

Беше изгласан календарот на активности за 2018/2019 година така што прв настан кој следува е ЕТКФ летен карате семинар во романската Костанца (од 24-31 август) и официјалното ЕП, кое во периодот од 14-16 септември ќе се одржи во Белград.

Од 7-9 декември во Порторож, Словенија ќе се одржи ЕК за деца. Во 2019 ЕП ќе се одржи во Милано, Италија, ЕТКФ летниот карате семинар ќе се одржи во Крањска Гора, Словенија.

На состанокот Генералниот Секретар на ЕТКФ, Дејан Недев го презентираше новиот веб сајт на ЕТКФ http://www.etkf.net

Најново во Други спортови