Вонредно собрание на Боксерската федерација

Димовски е нов претседател!

Денеска се одржа Вонредното собрание на БФМ на кое присуствуваа 21 од 35 делегати.

објавено: 22 јуни 2018 - 14:05

Единствена точка на дневниот ред беше оставката на претседателот на федерацијата, Игор Златков. Тој поднесе оставка од лични причини, но и зафатеност од професионални обврски. Немаше никаква забелешка на неговото работење, па оставката беше прифатена.
Веднаш потоа се пристапи кон избор на негов наследник. И едногласно за нов претседател на Боксерската федерација на Македонија беше избран нашиот поранешен репрезентативец, Примислав Димовски.

„Ќе продолжиме да ја реализираме досегашната програма на раководството на БФМ. Акцент ќе ставиме на младите категории боксери и на олимписките надежи"- посочи дел од програмата новиот предводник на боскерскара федерација.

Управниот Одбор на БФМ останува во ист состав. Потпретседатели се Баже Донев од Штип и Фатон Салиху од Скопје.
К. Манев

 

Најново во Други спортови