По десет години боксерските јуниори учествуваа на едно ЕП

ЧУРЛИНОВСКИ: Не сум незадоволен, на Демиров не му дадоа да освои медал!

Тројца македонски јуниори учествуваа на ЕП во бокс во Русија. Сите тројца беа поразени во првите кола. Сепак, селекторот Петар Чурлиновски е задоволен од нивниот настап.

објавено: 17 октомври 2018 - 12:30

Тројца македонски јуниори учествуваа на ЕП во бокс во Русија. Сите тројца беа поразени во првите кола. Сепак, селекторот Петар Чурлиновски е задоволен од нивниот настап.

„Покажавме дека нашите млади боксери можат рамноправно да се носат со боксерите кои доаѓаат од од државите кои посветуваат големо внимание на благородната вештина. За мене најдобар впечаток остави Алпај Демиров. Тој беше супериорен во средбата со боксерот од Литванија. Кога очекувавме да дојде до победата, се случи нешто непредвидено. По едно разменување на удари, носот на нашиот боксер почна да крвави. Очекувавме дежурниот лекар да го спречи крварењето, но тој веднаш даде знак на судијата да ја прекине борбата. Ако не беше оваа неправда, сметам дека Алпај Демиров ќе се најдеше во финалето на ЕП.
И другите двајца наши боксери Елес Асанов и Адријан Аземи речиси беа рамноправни во дуелите со претставниците на Шкотска и Русија. ЕП покажа дека со младите мора да продолжиме со работата. Младинската лига во Македонија ги дава очекуваните резултати. Неколку млади боксери, раскошни таленти, веќе се издвојуваат и сметам дека боксот има светла иднина"- вели селекторот Чурлиновски.

К.Манев

Најново во Други спортови